Опис
Се продава ексклузивен стан во станбен објект на одлична локација во Трнодол (Козле) која се карактеризира со фамилијарно мирно живеење на падините на Водно со игралиште за деца и игралиште за фудбал и кошарка, без деловни објекти. Станот кој моментално е во завршна фаза на градба нуди современ дизајн и максимална удобност. Очекувано вселување најдоцна крај на јуни 2026 година. Клучни карактеристики: 1. Одлична локација – лоциран во мирна, исклучиво резиденцијална населба, а истовремено на 100 метри од поголеми супермаркети, аптека и 200 метри со основно училиште и градинка и 100 метри до пешачка патека кон Водно. 2. Најлуксузни вградени материјали кои овозможуваат луксузен и комфорен живот: • Прозорци и балконски врати Шуко (светски број 1 за профили на прозори и балконски врати) со натстандардни димензии кои даваат чувство на елеганција и луксуз, • ладење и подно греење со топлотни пумпи Даикин , • ексклузивна санитарија Грохе и КолпаСан, • електрични алуминиумски ролетни, • комарници, • видеофони и камери, • вентилирачка фасада Баумит со изолација од камена волна и фасадни цигли набавени од Белгија, • Малтерисано со Баумит варов малтер и глет кои имаат улога и на регулатор на влажност во просториите • поставени мрежи за заштита од надворешни зрачења, • плочки италијански прва класа, • паркет Харо (германски), • ѕидано со термо блок, вклучително и преградните внатрешни ѕидови, • Рехау водоводна инсталација, • Отис лифт (американски) од ниво на гаражите. 3. Отворен поглед – објектот е на агол и овозможува отворен поглед кон Жданец и Водно. 4. Станот има голема тераса од 60 м2 на која има пристап само тој стан. 5. За секој стан се обезбедени по 2 паркинг места со припрема за електрично полнење на автомобили и подрум. Сите дополнителни информации и видување на објектот може да ги добиете и договорите на телефон/viber/whatsup на +38971345640.